Протест за поддршка на обвинетите во „Монструм“

За денеска е закажан протест за поддршка на обвинетите од случајот „Монструм“ кој ќе започне во 13,30 часот од паркот во Чаир со движење по улицата „Цветан Димов“, во продолжение по булеварот „Крсте Мисирков“, десно по булеварот „Гоце Делчев“ заедно со група која што ќе се собира пред „Скендер бег“ ќе се упати по улицата „Филип Втори Македонски“ до OJO во траење од три часа.

„Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници. Затворени за сообраќај од 13,00 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици: булеварот Христијан Тодоровски Карпош“, улицата „.Џон Кенеди“, улицата „Цветан Димов“, булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори Македонски“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, се вели во соопштението на МВР.

Причина за протестот се завршните зборови на последното судско рошиште на кое Обвинителството побара највиоски казни за сторителите на петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година.