Протест за еврејско-палестинскиот конфликт во Македонија

“Во недела на плоштадот Македонија во Скопје ќе се одржи протестен марш на солидарност со народот на Палестина по ескалирањето на насилството во Газа од израелските сили во последниве денови” – објавува информативната агенција на албански јазик ИНА, пренесувајќи ја веста на “Телеграф Македонија”.

Известувањето е објавено на социјалните мрежи. Во него се истакнува дека палестинскиот народ во источен Ерусалим се соочува со етничко чистење од страна на државата Израел”, пренесува ‘Телеграф Македонија” – наведува ИНА.


“Како резултат на нападите и нсилствотоа што ги спроведуваат израелските власти само во текот на оваа недела се убиени повеќе од 30 Палестинци, од кои 14 се деца, додекс стотици се повредени” – се посочува во вест на ИНА.

Во неа се истакнува дека “се врши систематско насилство преку уривање и узурпирање на палестинските куќи во Ерусалим и ова е причина поради која е потребно меѓународно да се спротивставиме на овој притисок” – се наведува во агенциската вест, но без да се посочи кои се организатори на протестниот марш.

“Во знак на солидарност со палестинскиот народ и неговиот отпор во недела во 12 часот ќе се одржи протестниот марш на плоштадот Македонија, се вели во известувањето на фејсбук” – пренесува ИНА.