Протест во повеќе сектори – Протестираа и вработените кај Пендаровски

Синдикатот на управата, правосудството и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска го реализираше најавениот протест со двочасовен прекин на работата во сите министерства, агенции, фондови, управи и судови каде имаат синдикални организации.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски во изјава за медиумите обелодени дека во одредени институции има притисок врз вработените поради што тие не се надвор од работните места, но се организирани и протестираат со прекин на работата внатре во институциите.

– Не бараме многу. Бараме линеарно зголемување за сите плати за 2.806 денари, исплата на минимална плата по закон и потоа корекција на платите на сите вработени кои треба да добијат над минималната плата. Ситуацијата не е одржлива. Сите вработени добија под минимална плата. Редно време е Владата да најде средства и да ги зголеми еднаш за секогаш платите во администрацијата, рече Деановски.

Ќе се протестира и утре со прекин на работата од 10 до 12 часот, а следните чекори Синдикатот ќе ги преземе во консултација со сите вработени.

Линк до целиот текст и галерија.