Протест пред владата: Партизаните не преговараат со фашисти (ФОТО + ВИДЕО)

Мирно тече протестот против бугаризација на Македонија и против намерата на владата да го прифати францускиот предлог и бугарскиот протокол како предуслов за почеток на преговори со ЕУ.

Зградата на владата е празна со исклучок на луѓе од МВР кои го снимаат протестот а пред неа најмалку десетина илјади луѓе се присутни но засега нема потреба од интервенции од страна на многубројниот полициски состав присутен на теренот околу владата.

Предвидено е на насобраните граѓани да им се обратат повеќе говорници.

На еден од транспарентите што ги носат демонстрантите може да се прочита ,,Партизаните не преговараат со фашисти”.