Протест на Роми во Прилеп: Не ги пуштиле на градскиот базен!?

Жители од прилепската населба Тризла со мирен протестен марш од населбата до градскиот базен денеска, од 12 до 14 часот го изразуваат, како што велат револтот поради дискриминација.

Пред три дена на група Роми не им било дозволено да ги користат услугите на Градскиот базен.

Најавуваат претставка до комисијата за спречување на корупцијата и судски случај.

Сопственикот на спортско-рекреативниот центар „Маркови кули” ги отфрли сите инсинуации за дискриминација и нагласи дека станува збор за почитување на мерките и протоколот за заштита од ковид-19 при користење на услугите на Градскиот базен.