Протераниот руски дипломат ја напуштил Македонија

Рускиот дипломат означен како „персона нон грата“ од Македонија ја напуштил територијата на државата, потврдила Амбасадата на Руската Федерација во Скопје за „Спутник“.

„Денеска, во рамките на утврдениот период, рускиот дипломат ја напушти територијата на републиката“, ѝ соопштила Амбасадата на руската новинска агенција.

Позицијата и личните податоци на протераното вработено лице во Амбасадата не се обелоденети.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази надеж дека Русија нема да протера еден или двајцата дипломати во македонската амбасада во Москва како одговор на потегот на Скопје.

Руското Министерство за надворешни работи го оцени овој чекор како непријателски чин и го осуди, најавувајќи дека ќе возврати соодветно.