,,Протече” документ кој докажува дека новиот шеф на АНБ дозволил руски агент да добие македонски пасош (ФОТО)

На социјалните мрежи се појави документ од кој се гледа дека новиот шеф на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошески е еден од главните осомничени за случајот Онишченко за кој премиерот Ковачевски рече дека се води истрага.

Од документот се гледа дека Милошевски е потпишан на допис до Секторот за управни и надзорни работи во МВР со кој од страна на АНБ се потврдува дека за рускиот шпион Онишченко не постојат пречки од безбедносен карактер за добивање на македонско државјанство и пасош.

Новиот директор Милошевски го ставил третиот потпис и тоа како лице кое одобрила мислењето за Онишченко а потоа документот го потпишал и сега веќе стариот директор Димовски кој се пакува да замине за амбасадор во Франција.

Со овој документ се потврдува дека новиот шеф на АНБ е едно од лицата кои се опфатени со истрагата за која зборува Ковачевски. Зошто тој е избран додека се уште трае истрагата и тој може да влијае на неа од владата нема официјално објаснување.

Неофицијално на Милошевски му се дава шанса да влијае на истрагата со цел да се спаси себе си за скандалот што ја урниса АНБ но и владата.

Проблемот за двете институции е што колеги на луѓето на кои Милошевски сака да ја префрли вината нема да дозволат да настрадаат невини луѓе за да се спасат корумпирани луѓе го АНБ и владата.

Извори упатени во работата на АНБ тврдат дека и Милошевски и Димовски навреме биле предупредени дека Онишченко е агент на Кремљ.

И стариот и новиот шеф на АНБ знаеле дека Онишченко е руски шпион