Проширување на ЕУ: С’е е исто, само е построго?

„… Генерално, критериумите од Копенхаген се исти, но се согласувам дека споредено со апликациите за членство на земјите од Централна Европа, сега правилата се построги“ вели професорот Кристијан Лекен од Институтот за политички науки во Париз.

Во  своето предавање на тема: „Дали ЕУ навистина е подготвена да го прошири кругот?“  одржано на Универзитетот ФОН во Скопје, тој оценува дека заострувањето на правилата се должи на искуствата со некои држави од претходните проширувања, каде по стапувањето во членство се појавија елементи на недоверба кон нив од страна на некои земји членки на клубот.

За процесот на проширување тој е дециден дека не зависи само од ситуацијата во земјите кандидати, туку и од состојбите во Европската унија, а овој вториот аспект денес стана многу поважен отколку во минатото.

Тоа се должи на серијата кризи што ја погодија ЕУ од 2008 година наваму, додава тој.  Влијанието, пак на Брегзит, кога се зборува за проширување на Унијата со земји од Западен Балкан, е евидентно, бидејќи овде не станува збор за криза од која може да излезете посилни, туку се поставува прашањето за дезинтергација на Унијата. Загубата на една членка, според него, го сруши митот дека заминувањето од Унијата е невозможно.

Професорот е умерен оптимист за пристапните преговори за Македонија и Албанија

„Затоа, не ме прашувајте каква ќе биде одлуката на следниот Европски совет, бидејќи тоа е работа на политичарите, но мојот впечатокот е оптимистички. Сметам дека има добри ветрови во моментов и не го исклучувам фактот дека с. Македонија и Албанија би можеле да ги почнат преговорите со ЕУ“ – вели францускиот аналитичар, пренесува Плусинфо.