Просечната бруто плата за март 2023 година во Србија изнесува 117.669 динари, а платата без даноци и придонеси (нето) изнесува 85.485 динари (околу 730 евра – н.з.), соопшти Републичкиот завод за статистика.
Бруто и нето заработката во периодот јануари-март 2023 година во однос на истиот период лани се номинално повисоки за 15,5 проценти, а реално пониски за 0,4 отсто, покажуваат податоците на РЗС.
Споредено со истиот месец од претходната година, просечната бруто и нето заработка за март 2023 година е номинално повисока за 14,5 проценти, а реално пониска за 1,5 отсто.
Медијалната нето плата за март 2023 година изнесува 64.363 динари (550 евра), што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до наведената сума, соопшти РЗС.