стои отворена и разурната.

Не се изведуваат никакви градежни работи во и околу Универзална сала која година и пол скапува, а ниту пак властите имаат намера да ја изградат и да ја вратат салата во функција.

Очигледно за градоначалничката Данела Арсовска, Универзална сала како да не постои, не одговара на новинарски прашања на оваа тема, а и при носење на буџетот за 2023 не кажа дека овој проект ќе биде еден од оние на кои ќе се работи годинава, потсетува порталот СДК.

Поминаа и два месеца откако Владата најави дека ќе ѝ ја одземе концертната сала на Арсовска и дека ќе ја догради преку Министерството за култура по средба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов со Арсовска.

Министерката Костадиновска-Стојчевска на 23 декември при презентирање на буџетот на Министерството за култура, одговарајќи на новинарско прашање кажа дека чека Арсовска да ѝ достави информации, а градоначалничката тоа не го прави…