Пропаѓа ли планот на Ковачевски за српски гас, одлуката на српската влада може да биде катастрофална за Македонија

Најавата на премиерот Ковачевски дека Макеоднија може да купи гас од Србија станува тешко остварлива отлиао српската влада донесла одлука за привремена забрана за извоз на природен гас.

Владата на Република Србија на денешната седница донесла Одлуката за привремена забрана за извоз на природен гас, која ќе важи најмалку до 31 октомври годинава. Со одлуката српските власти сакаат се обезбеди безбедно снабдување на домашниот српски пазар и да се спречат можни штети за стопанството и граѓаните.

Одлуката е донесена со цел да се спречи заканата од критичен недостиг на природен гас предизвикан од нарушување на глобалниот енергетски пазар.

Засега никој не може да каже дали одлуката ќе биде повлечена на крајот на месецот но со оглед на состојбите на пазарот на енергенски не се исклучува дека забраната за извоз на српски гас може да продолжи и во наредните месеци.

Ако тоа се случи Макеоднија не може да смета на гасот кој го најавуваше премиерот Ковачевски. Според планот Србија требаше да извезе гас за Макеоднија која преку топланата ТеТо во Србија ќе враќаше половина од произведената електрична енергија која и треба на Србија.

Засега овој план не може да се спроведе најмалку до почетокот на Ноември.