Евтин пропаганден инцидент во Собранието: Молчеа за Онкологија и бугарскиот протокол збеснаа за деловникот (ВИДЕО)

Денеска во собранието се случи пропагандна претстава откако пратениците на Левица кои претходно молчеа и не правеа проблеми за други настани како за скандалот на Онкологија или бугарскиот протокол, збеснаа за одбиените амандмани за Деловникот на парламентот.

Седницата беше прекината откако двајцата пратеници на Левица, Апасиев и Крмов почнаа го скршија компјутерот на заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, и фрлаа со амандманите кои што Левица ги поднела за измени на деловникот.

Инцидентот го почна пратеникот Крмов кој ги фрли сите предмети од маста на Мисоски а потоа почна да го крши компјутерскиот монитор, бараше прекин на седницата и го уништи спикерскиот телефон.

На видеото се гледа дека генералниот секретар на собранието Цветанка Иванова ја трга чашата со вода за Крмов да не ја искрши и повреди некој со стакло.

Потоа на Крмов му се придружува Апасиев кој со купишта хартија фрла кон Мисовски и го удира во рамето. Крмов ги влече и ги уништува и микрофоните на говорницата, па потоа и ги гази на подот. Од вратата од која вообичаено влегува собранискиот спикер, се појавува Талат Џафери кој се движи кон претседателското столче, а Крмов и Апасиев престануваат да фрлаат.

Инцидентот следеше откако 87 пратеници не го прифатија барањето на Левица да се повлече деловникот од денешната расправа. Седницата ја прекина спикерот Талат Џафери.

Видеото овде