Пропаднаа ли ветувањата на власта за лекот Трикафта? Болните од цистична фиброза повторно молат за терапијата што живот им значи, објави Алфа. Иако пред три недели добија “збор” од министерството за финансии дека најдоцна до 10-ти мај проблемот ќе биде решен, со тоа што ќе се знае за колку пациенти ќе го има лекот и колку средства ќе бидат одобрени – но засега молк и од финансии и од здравство.

Капацитетот на белите дробови опаѓа.Како што кажуваме во апелите дека болеста секојдневно прогресира секојдневно живееме во неизвесност. Во 2019 измислен е лекот, и секаде на Балканот се користи и има позитивни ефекти. И нашите пацинети што го земаа лекот добија позитивен ефект” – вели за Алфа Игор Пехчевски пацинет со цистична фиброза.


Игор Пехчевски кој е болен од цистична фиброза за Алфа вели дека неблагодарно е надлежните да тактизираат со трпението и здравјето на болните.

Повторно апелирам остануваме уште 68 пацинети без лек.лекот го бараме веднаш за сите подеднакво” – изјави Пехчевски.

Првиот човек на финансии Бесими на прашањето дали се обезбедени пари за Трикафта како да не му се слушаше.

Од Министерството за здравство изминатиот период неколку пати најавија дека работат на обезбедување на Трикафта за сите кои имаат потреба од лекот, но не соопштуваат до каде е постапката. За да може оваа терапија да се купува директно од производителот беа направени и законски измени, а надлежните се заинтересираа за болните од цистична фиброза откако во февруари почина пациент чекајќи државата да му го набави лекот.