Пропадна позната банка, НБРМ смирува за банкарскиот систем

Народна банка на Македонија по повеќе месечни напори се откажа од обидите да ја спаси и ја укина дозволата за работа на Еуростандард банка.



Почитувајќи ги протоколите од Законот за банки, НВМ ја укина дозволата на Еуростандард банка која е сопственост на фамилијата на тајкунот Трифун Костовски.

Во текот на утрешниот ден се очекува НБМ до надлежниот суд да достави предлог за отворање стечај на Еуростандард.

На вонредна прес конференција одлуката за Еуростандард ја соопшти гувернерката Анита Бежоска Ангеловска, која откри дека Еуростанд банка не ги исполнила минималните услови за работа.

Учеството на банкарската актива во вкупната банкарска актива на земјава е само 1,3 отсто поради што според Бежоска, не се доведува во прашање стабилноста на банкарскиот систем.

Изминатиот период Еуростандард беше под засилен супервизорски надзор.

Предходно преку соопштение банката повика да прекинат шпекулациите за состојбата со банката а штетат на македонскиот банкарски систем.

Пред неколку месеци друга фирма на семејството Костовски Еурилинк осигурување беше презема а од австриска компанија.

Пред десетина години Костовски имаше неуспешен проект и во велешка Порцеланка која пропадна и покрај милионските вложувања на бизнисменот.