И дефинитивно пропадна обидот за вистинско обединувањето на Бихаќка. Денеска на СДСМ му се случува најголемата поделба од 2006 година кога Тито Петковски со својата НСДП се отцепи од матичната партија и замина со ВМРО-ДПМНЕ.
Обединувањето на СДСМ пропадна откако до вчера траеле надежите лак делови од Бихаќка дека во СДСМ ќе се врати Максим Димитриевски кој вечерва во Скопје ја промовира новата партија ЗНАМ која има потенцијал да ја преполови СДСМ.
Без Димитровски кој единствен има позитивен рејтинг во јавноста СДСМ останува со луѓе за кои има силни индиции дека се корумпирани во различна смисла: Ковачевски, Заев, Битиќи, Деспотовски, Маричиќ….
Во својата порака објавена на социјалните мрежи Димитриевски воопшто не ја споменува СДСМ, целосно се фокусира на ЗНАМ и се надева дека ќе отцепи огромен дел од членството на СДСМ во новиот политички субјект.
,,Почитувани граѓани, драги пријатели и подржувачи,
Во оваа прилика сакам да ве информирам, а воедно и да ве поканам на 9 октомври во 20:00 часот, во Хотел Холидеј Ин во Скопје, да ни се придружите на Иницијативата за формирање на новиот политички субјект на македонската политичка сцена, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
Да дадете свој придонес во креирање на еден нов субјект кој што има за цел да ги смени работите во државата и да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните. Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ!
Ви благодарам”, стои во објавата на Димитровски.
Најчитани вести
Ако обвинителството сака да го реши случајот против својот експерт соработник има чиста ситуација
Протекоа снимки од нападот на кардиохирургот Јовев врз неговиот наследник директорот Шокаревски