Цели 17 дена молк од министерката за одбрана Славјанка Петровска за набавката на француско оружје.

Иако министерката на почетокот на септември најави дека таа со делегација ќе замине во Париз на потпишување на договор за набавка на антиракетен систем до денеска Петровска не била во Франција или била во јавноста на Потпис не е информирана.


Извори во владата тврдат дека Петровска има проблем да биде примена на соодветно политичко ниво во градот на светлината за да се потпише договорот.

Според договорот Макеоднија во екот на најголемата економска, финансиска, енергетска и социјална криза сака да набави оружје во вредност од 66 милиони евра кое објактивмо на Макеоднија не и е ургентно потребно.

Зошто Петровска најави заминување во Париз и потпис на догогор а тоа не се случи засега официјално не открива ниту таа лично ниту министерството за одбрана ниту владата.

Expres.mk уште на трети септември ексклузивно објави дека Македонија купува оружје вредно 66 милиони евра

Тајно потпишана, пропадна или е одложена набавката на француско оружје за 66 милиони евра