Без дебата, пратениците во бугарскиот парлчеманет утрово ја отфрлија декларацијата предложена од партијата „Продолжување на промените“ за утврдување на приоритетите и националните цели на земјата во наредниот период.
Со други зборови, вториот мандат за формирање влада што го даде претседателот Румен Радев остана неисполнет и ќе биде вратен.
Кандидатот за премиер Николај Денков коментира дека има два начина да се формира мнозинство – врз основа на цели и задачи или со распределба на министерски места. Решивме да го искористиме првиот, а најголемиот дел од пратениците не е подготвен да влезе во дискусија – „за приоритетите на Бугарија“, рече тој.
„За“ декларацијата гласаа 63 пратеници, 84 беа „против“, 30 „воздржани“.
