Пронајдено е телото на возачот кој исчезна во Дренска Река по обид со џип да ја поминe, објави МИА според извори од полицијата од каде засега не можат да дадат повеќе детали за случајот.
Мештанин на селото Дрен рече дека локалното население, заедно со полицијата, вчеравечер учествувале во потрага по течението на реката.
„Дренска Река вчера многу надојде. Човекот бил со уште двајца други. Сакале да ја минат реката со џипот. Реката го завлекла џипот. Другите двајца се спасиле“ вели еден од жителите на селото.