Сликата на Пабло Пикасо, украдена од саудиските јахти пред 20 години, беше пронајдена од холандскиот детектив за уметнички дела, Артур Бранд.
Тој денеска соопшти дека пред две недели ја презел сопственоста на сликата позната како „Портрет на Дора Маар“ од 1938 година, по неколку години истрага.
Бренд, познат детектив, меѓу чии откритија се и пар бронзени коњи направени за Адолф Хитлер, изјави дека ја предал сликата на осигурителната компанија.
Вредноста на „Пртретот Доре Маар“ се проценува на 25 милиони евра.