Телата на близначките Софија и Василики Филипопулу, пронајдени во прегратките на нивните баба и дедо, беа идентификувани пет дена по катастрофалниот пожар во грчкото место Мати.
Како што објавиа Скај ТВ, нивните тела биле идентификувани доцна синоќа.
Непријатната вест беше потврдена од страна на приватниот детектив Џорџ Цукалис, кој на барање на очајниоттатко на близначките ја презеде истрагата.
Трагичната вест на Фејсбук ја објави и семеен пријател:
„Сите четворица се најдени. Дури ни смртта не можеше да ги одвои“
Родителите на близначките, и бараа своите деца во болниците, полициските станици, па дури и мртовечницата, кога случајно се појави снимка на Алфа ТВ, на која можеа да се видат две девојчиња качени на брод за спасување.
Меѓутоа, неколку часа подоцна, лице кое било исто така на снимката изјави дека тоа не се сестричките Филипопулу, туку неговите деца.