Потонати статоци од флота на антички македонски бродови беа откриени во близина на либанскиот јужен град Тир. Соопштението беше објавено четвртокот од страна на шефот на Либанската унија на професионални нуркачи, Мохамед Ал-Сирај.
Од Унијата сметаат дека остатоците би можеле да датираат од периодот на историскта опсада на Тир од страна на Александар Велики, која се случил околу 300 пред нашата ера.
Александар Велики се обидел да го освои градот за да изгради пат преку кој спровел воена кампања против Персијците,а бродовите можеби настрадале во бура.
Покрај остатоците на 11 потонати бродови, пронајдени се и разни артефакти и делови од керамика расфрлани низ локалитетот, што укажува на тоа дека бурата можела да биде причина за тонењето на бродовите, смета Џафар Фадлалах, професор по археологија на Либанскиот универзитет.
“Знаеме дека грчките бродови патувале во групи од 11, а количеството керамика сугерира дека се работи за цела група бродови”, рече Фадлалах.
Ал-Сирај го овласти Генералниот директорат за антиквитети да започне со ископување и документирање на наодите; сепак, овој процес ќе потрае значително време.
Инаку, УНЕСКО ја призна археолошката важност на Тир во 1979 година, кога го додаде градот на својата листа на светско културно наследство. Либанската Дирекција за антиквитети, во соработка со европските организации, спроведе големи истражувања од 1940-тите.
Тие откриле дека античкиот поморски град вклучувал населби, јавни бањи, спортски центри и улици поплочени со мозаици. Откритијата датираат од феникискиот, римскиот и византискиот период, пишува „Arab News“