Промовирано капитално дело на македонски научници за Алшар

Група од шест македонски професори-научници денеска пред научната јавност го претставија капиталното научно дело монографијата „Алшар – светско природно наследство“.

Автори на делото се академик д-р Глигор Јовановски, акад. д-р Блажо Боев, проф. д-р Трајче Стафилов, проф. д-р Петре Макрески, проф. д-р Владо Матевски и проф. д-р Иван Боев.


Меѓу кориците на монографијата лежи повеќе од тридецениско научно-истражувачко богатство за еден од најважните светски локалитети и реткиот и популарен минерал Алшар.

Промоцијата се одржа денеска во МАНУ во рамки на пристапното предавање на проф. д-р Блажо Боев по повод неговиот избор за дописен член на МАНУ.

Дизајн тимот на книгата е во состав Ладислав Цветковски, Роберт Јанкуловски и Весна Горјанска Кржева.