Пролетта ќе доцни!

Пролетта официјално почнува за помалку од шест недели, а светски познатата метеоролошка служба АкуВедр (AccuWeather) предвидува дека пролетта 2021 година може да изгледа како онаа од 2018 година.

Невремето што ја зафати западна Европа, а потоа и јужниот дел на континентот во текот на зимските месеци, може да остане активно во раната пролет, велат метеоролозите. Се очекува бурите да бидат активни од Франција, преку Италија, кон Балканот, особено во текот на март.

Метеоролозите забележуваат дека ова ќе биде невообичаен модел за пролетта, бидејќи бурите обично се движат на север во овој период од годината.

„Бурите ќе се смират до крајот на пролетта, но до мај ќе предизвикаат штети во јужна Европа“, вели метеорологот на АкуВедр, Тајлер Ројс, додавајќи дека во регионот се очекуваат обилни врнежи од дожд.