Проголтаа ли Пендаровски и Ковачевски да бидеме северномакедоци: Двојните стандарди за Макрон и Ескобар – пишува Горан Момироски

Национално предавство или двојни стандарди на претседателот Пендровски, министерот Османи и владата на Ковачевски кон двете моќни земји чии лидери носат одлуки во ЕУ и НАТО.

Кога францускиот претседател Макрон пред околу еден месец во Брисел Македонците навредливо ги нарече Северномакедонци на прес конференција веднаш потоа преку министерот Османи реагираше македонската влада.

Во реакцијата односно разговорот на Османи со кабинетот на Макрон владата на францускиот лидер му порача дека греши кога употребува навредлив збир за да ги означи.

Веднаш потоа Макрон во нова изјава се извини и Македонците ги нарече со нивното вистинско име Македонци.

Пред два дена американскиот заменик-помошникот државен секретар Габриел Ескобар на онлајн-брифинг со новинарите посветен на ситуацијата во Западен Балкан Македонците ги нарече северномакедонци.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија и релацијата со Бугарија, Ескобар кој е шеф за Западен Балкан во Стејт департментот го употреби терминот „северномакедонци“.

Повеќе од 48 часа од навредата на Ескобар македонската влада, премиерот Ковачевски, министерот Османи и претседателот Пендаровски молчат за ,,северномакедонците” на Ескобар.

Молкот може да значи дека владата и Пендаровски молчешкум прифаќаат и тие и целиот народ да бидат нарекувани Северномакедонци или дека имаат двојни стандарди.

Едни за најмоќната земја во ЕУ Франција а други за најмоќната земја во НАТО Америка.

Молкот за Ескобар е уште пострашен ако се знае дека Стејтдепартментот на САД сигурно знае за реакциите на јавноста кога Макрон не нарече Северномакедонци и за извинувањето од Макрон а сепак на прес конференцијата го употреби навредливиот збор за Македонците.

Како македонските власти очекуваат утре претседателот на САД Бајден да не нарекува Македонци ако човекот кој дел од денот го поминува со досието Македонија не нарекува Северномакедонци а притоа тие што треба во Скопје, не реагираат на јавната навреда кон Македонците.

Да почитувани читатели и непочитувани владетели и дипломати, употребата на терминот Северномакедонци за нас Македонците е навреда а кога надлежните не реагираат за навредите кон македонската нација тогаш прават национално предавство.

Ескобар и Макрон еден ден како и многумина пред нив ќе заминат но предавството на Пендровски и Ковачевски ќе остане.

Ќе останат и доволно Македонци да им судат за неспособноста, стравот и уривањето на македонското достоинство.