По трите извонредни регионални настани во Гостивар, Штип и Охрид, домаќин на 4-тиот регионален еднодневен хакатон во рамки на Првата национална олимпијада за вселената беше ООУ “Кочо Рацин” од Прилеп кое идната година прославува 100 години од своето основање. Упатуваме огромна благодарност до директорката Јулијана Тренкоска и целиот тим од училиштето домаќин за целокупната поддршка и гостопримство. Посебна благодарност до Гоце Бумбароски, наставник по одделенска настава и Советник за млади во Општина Прилеп за целокупната координација, помош и извонредната соработка при организацијата на овој хакатон.
Првата Национална Олимпијада е во организација на Њуменс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс Скопје, а со поддршка на Амбасадата на САД во земјата. Целта е унапредување на СТЕАМ / STEAM вештините меѓу младите од целата држава и зголемување на нивниот интерес за наука, истражување и иновации, преку можност да работат на забавни предизвици во улога на “граѓани научници”. Овој концепт е промовиран од NASA и предизвиците на кои работеа младите се дел од отворената програма на NASA – STEM Engagement наменета токму за ученици и наставници и материјалите може да ги користи секој што има интерес во оваа област.
На денешниот настан учество земаа вкупно 47 ученици од основно и средно училиште од Прилеп и Битола. Пред жирито во состав Гоце Бумбарески, наставник по одделенска настава и Советник за млади во Општина Прилеп, Сотир Митрикески, електро инжинер и професор во средното стручно училиште “Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп, и Тони Попов, машински инжинер и претприемач, учениците под водство на своите ментори – наставници подготвија и презентираа креативни и уникатни решенија за трите предизвици:
- Истражи што се BallonSAT и какви видови на експерименти можат да се постават на нив и направи power point презентација и/или мал прототип https://www.nasa.gov/topics/earth/features/explorers_balloons.html
- Избери интересен мит за некоја научна појава, истражувај онлајн и направи видео за твоите откритија со цел да го разоткриеш и да ги поттикнеш другите на размислување https://nasaeclips.arc.nasa.gov/resources/sdchallenge
- Направи забавен и едукативен стрип за патување од Земјата до Марс. Можеш да користиш било какви материјали и техники, вклучително и компјутер https://www.nasa.gov/sites/default/files/atoms/files/artemis_comic_activity_en.pdf
Посебна благодарност до Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески кој проследи дел од презентациите и воедно ги додели златните медали на победниците во двете категории (основци и средношколци) како и сертификатите за останатите наградени тимови.
Првото место во категорија средношколци го освоија Никола Бонески, Софија Настоска и Георги Николоски од СОУ „Мирче Ацев“ од Прилеп (Team Intelligence). Второто место им припадна на Astro Docs во состав Ева Бошкоска, Матеј Шлакески и Теодора Димовска од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, а третото место го зазема тимот Stars кој го сочинуваа Михаил Јорданоски, Андреј Ширкоски и Меланија Талеска од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп.
Во категоријата основци, првото место го освоија учениците од тимот ХЕД трагач, Христина Боризовска, Ева Нечовска и Дамјан Талевски од ООУ „Даме Груев“ од Битола, додека останатите признанија ги добија следните тимови:
Второ место: тимот ЈКТ, Кристијан Крстески, Јован Аврамовски и Теодор Дамески од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп и тимот Ѕвездички составен од Ева Петреска, Кјара Кондоска, и Душица Трајкоска од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп.
Третото место го поделија тимовите Паралелопипеди со Софија Димитриеска и Михаил Ѓорѓиески од ООУ „Гоце Делчев“ од Прилеп и Огнени лисици со Илија Петрески, Нина Самарџиоска и Катерина Божоска од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп.
Беа доделени и специјални признанија за 2 тима:
Тимот Три сонца во состав Георгина Ивановска, Ивана Ангелеска и Марија Петреска од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп го доби признанието Interstellar Steam Girls Team, додека тимот Вселенски патувачи во состав Никола Митровски и Евгенија Поп Стефановска од ООУ „Коле Канински“ од Битола го доби признанието Out of this World Team Presentation.
Со овој денешен настан се затвори циклусот регионални натпревари и по заслужениот летен распуст, сите првопласирани тимови во втората половина од септември ќе имаат уникатна прилика да работат на подготовка на експерименти за двата метео балони кои заедно токму од Македонија ќе ги лансираат до границите на вселената.
Мисија Прва Олимпијада за вселената CHECKED!
—