Ни студот ни короната не го спречи стружанецот Климе Попоски денеска да ја продолжи вековната традиција што неговите предци ја практикувале за големиот христијански празник Водици.

Попоски кој е професор на Факултетот за туризам во Охрид заедно со неговите две ќерки и внук во чест на големиот празник влезе во водите на Охридското езеро иако температурата на воздухот беше под нула.

Професорот кој е еден од водечките европски експерти за осигурителен бизнис смета дека и покрај здравствената криза со соодветни почитување на протоколите за короната не смее да се прекине вековната традиција која се пренесува од колено на колено.

Поради Ковид-19 Богојавление годинава се слави без фрлање на крстот во водите но Попоски и без крст ја продолжува традицијата.

Директните предци на професорот но и огромен број луѓе во Струга и цела Македонија стотици години уште од вториот век во нашата ера на ден Водици влегувале во водите на Охридското езеро или други водни локации каде што се фрлал крстот.

Оваа традиција во Струга, Охрид и стотици други локации продолжува и годинава.

Видеото од влегувањето на Климе, неговите ќерки и внук во студените води на езерото на Фејсбук на овој ЛИНК

https://www.facebook.com/1915590235379059/posts/2892805870990819/