Професорката Божана Кировска од средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски Амбарче“ од Тетово, обвинува за мобинг од раковоството на училиштето изминативе неколку години.

Вели дека врз неа се вршело притисок да држи практична настава на паралелки на албански наставен јазик кој не го познава доволно и да се откаже од работното место библиотекар, каде работела со пола работно време.

Директорката на средното теткстилно училиште „Ѓоце Стијчевски Амбарче“ Севдије Мустафаи во телефонско разговор не информира дека немало никаков притисок врз професорката

Поради немање на интерес за упис од учениците Македонци,  во ова училиште десет години не е формирана паралелка на Македонски јазик.