Професорката од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Жаклина Шопова со иронија ги коментира лошите состојби во здравството и другите области.
Таа на шега вели дека ЕУ не ја прима Македонија затоа што ни завидува на членовите на владата.
,,…јас мислам дека со ваква Влада и вакви министри Европска унија ни “завидува “, затоа не ни дозволува да ги отпочнеме преговорите!?”, пишува со доза на иронија професорката според која европските политичари не се способни како домашните министри кои вчера ги започнуваат реформите , а веќе денес имаат успешен старт.
Шопова алудира на тврдењето на власта која на медиумски настани објавува наводни
,,👉задоволни матични лекари кои ќе ја препишуваат хроничната терапија САМО за 5 дијагнози: ХТА, Дијабет, Хипо и хипертиреоза, Астма и ХОББ , и задоволни пациенти кои за жал министерот денес не успеал да ги сретне во ординација и да ги праша!? …”.
Професорката затоа на шега предлага наместо да доаѓаат различни медијатори и да не убедуваат да ги изгласаме уставните промени , најдобро е сите тие да учат од оваа влада и овие министри.
Листата на лажни резултати на власта кои ги наведува Шопова е долга:
👉Решаваат судските спорови во “рекорден” временски период
👉како преку ноќ се штанцаат дипломи за завршено високо образование, а притоа учениците почнуваат и завршуваат учебна година без учебници
👉како се станува успешен бизнисмен на 24 годишна возраст
👉 како се штедат пари од мекици и роденденски забави
👉 како се распишуваат експресно тендери и склучуваат договори со високи провизии
👉како се градат модуларни болници , наместо клинички центри
👉како се унишува јавното здравство
👉како се оставаат без терапија онколошките пациенти, пациентите со цистична фиброза со ретки болести, дијабетичарите…
👉како се деградираат пензионерите
👉како се возат автобуси без технички прегледи, истите влегуваат и излегуваат надвор од државата без да бидат регистрирани на граничниот премин , а вршат превоз на патници државјани на Р.Македонија…
Шопова на крајот на својот пост на Фејсбук запира со иронијата и порачува: Затоа оваа неспособна Влада треба ВЕДНАШ да си замине и да одговара за своите постапки‼️