Професор од кралски универзитет со сексуална аналогија за францускиот предлог: Македонија треба да ги задоволи сите

Професорот од Квинс (кралскиот) универзитет во Канада Гоце Андревски го поставува суштинското прашање за “Францускиот” предлог: Дали Македонија може да отвори и затвори поглавје без да направи одстапки за историјата на македонскиот народ и јазик?

Според професорот на овој престижен светски универзитет одговорот е НЕ.

,,Поддржувачите на овој предлог често користат спортска аналогија: “Ако не излеземе на теренот да играме, неможе ни да се надеваме дека ќе победиме, а францускиот предлог ни дава можност да играме”.

Ова е пример за неадекватна и манипулативна аналогија. Во спортот и двата противника играат според исти правила со објективен судија, што не е случај во нашиот спор со Бугарија. Неможеш да прифатиш да играш игра која е наместена за противникот да победи во секој случај”, смета Андревски.

Тој ситуацијата во која се наоѓа ја објаснува пластично со уцени кои може да ги добијат актерки за да добијат улога во филм.

,,Поадекватна би била филмска наместо спортска аналогија: Дали би прифатиле да играте во филм ако условот е сексуално да ги задоволите директорот, режисерот, сценаристот и сите глумци?

За предлог кој дозволува едната страна да ја уценува и понизува другата страна, на најпримитивен начин, одговорот е НЕ”, смета Андревски кој предава стратегии на канадскиот престижен универзитет.