Професор на кралски универзитет: Со Северномакедонци не делам ист идентитет

Гоце Андревски, професор по стратегии на Смит школата за бизнис на канадскиот Кралски Универзитет ги прекинува релации со Северномакедонците.

“Моите професионални врски и идни ангажмани со државата Северна Македонија денеска завршуваат. Тоа вклучува професионални контакти со сите кои активно работеа на менување на името на државата, но и со оние кои можеа ама не го спречија тоа.

Јас сум Македонец од регионот Македонија. Мојот идентитет е резултат на една историска траекторија која започнува од периодот кога настанал терминот Македонија и Македонци и ги вклучува сите историски периоди до денес.

На оние кои така избраа, ќе им се обраќам како Северномакедонци. Нивната идентитетска траекторија започнува од заедничката бугарско-словенска историја. Со нив не делам исти идентитет.

Ние Македонците останавме и ќе останеме чесни и скромни луѓе. Секогаш ќе одбираме правда, достоинство и чест, пред пари и материјализам”, пишува Андревски кој не сака да има ништо тие што учествувале во промена на името.