Професор на Кралски универзитет: Банда уличари ви го испра мозокот вчера

,,Мизерија – ми се лоши кога ке помислам што направивте и кого поддржавте. Банда уличари со странски пари ви го испраа мозокот да мислите дека со сила ви го менуваат идентитетот демек за “ваше добро”, пишува по вчерашното гласање во Собранието Гоце Андревски, професор по стратегии на Смит школата за бизнис на канадскиот Кралски Универзитет.

“Пловете со беднион криминалец, дотука е нашиот заеднички пат, вие северни, јас, ј…а, сега незнам што без матична земја Македонија, ама знам нема да сум тоа што сте вие.

Помирување никогаш. Но ви пожелувам срека. Ќе ми биде мило да сум грешел дека со овој срамен чин ке станете сиромашни и материјално и духовно. Дај боже вие да сте биле во право дека сега со овој срамен чин ке дојдете до пари и благосостојба, и ке живеете срекно такви какви што избравте да сте”, пишува доцентот Андревски од престижниот универзитет до тие што решија Македонија во иднина да се нарекува Северна.