Професор бара да сме бесни за глупостите на СДСМ а жена му како министерка на Заев најави менување историски факти на барање на Бугарија

Професорот Тони Денковски бара сите граѓани да бидат бесни за глупостите на СДСМ и ДУИ, конкретно за отварањето на бугарски нацистички клубови во Македонија.

Десковски се чуди колку малоумни луѓе не водат што мислат дека ако се плука по НОБ Бугарија ќе го кренала ветото.

Десковски е еден од оние интелектуалци кои додека се менуваше Преспанскиот договор и се потпишуваше договорот со Бугарија молчеше а неговата сопруга Рената Дескоска беше дел од владата на Заев.

Десковска беше министерка за образование и за правда и како таква пред три години кога сите анализира дека тоа е погрешно таа најави дека на барање на Бугарија ќе се менуваат учебниците кои содржат невистинити факти за историјата.

Тогаш додека сопругата беше министерка на СДСМ Десковски не зборуваше дека не водат малоумни премиери, министри и претседател а сега го смета токму тоа.

,,Сите треба да бидеме бесни поради глупостите на нашите власти!
Дури ние се бавевме со клубот на неуспешниот нацистички квислинг Ванчо Михајлов, некој ни зарил нож со регистрација на здружение наречено по Фашистичкиот Бугарски Цар Борис.
Па добро бе, зарем толку малоумни луѓе не водат, та мислат дека ако поплукаат на НОБ, Бугарија ќе ни го отвори патот кон ЕУ?
Со величење и славење на фашисти, сами си го копаме својот гроб.
Жално!”, пишува сега Десковски.

Тој заборава да каже зошто неговата сопруга додека беше министерка за правда не го забрани бугарското здружение крстено по нацистичкиот соработник Иван Михајлов.

Десковски објави дека во 2019 година како министерка не дала согласност за регистрација на Иван Михајлов но не објасни зошто кога дознала веднаш не покренала процедура за одземање на регистрација на што имала право како прв човек на правда.

Таа неодамна рече дека требало да се менува законот за регистрација на невладини организации но никогаш самата не го стори тоа иако имаше законски и политички можности.

Професорот Десковски не е виновен за (не)делата на неговата сопруга но кога зборува за малоумни политичари добро би било да не ги селектира во зависноста дали се сега на власт или претходно правеле малоумни работи за кои многумина предупредуваа до што ќе доведат.