Професорот од Институтот за национална историја Митко. Б. Панов ги анализира документите поврзани со македонските преговори со ЕУ и открива дека тие содржат низа замки по кои веќе нема да постои ,,Македонско прашање” на штета на Македонците.

,,Со протоколот Бугарија ја добива сопственоста на културно-историското наследство на Македонија од средновековието до 1944, која ќе биде маркирана како „бугарска“ на сите натписи, споменици, музеи, државни институции, наставни програми, учебници … Бугарскиот народ ќе стане носител на традициите – државотворниот народ.

Македонскиот народ ќе остане без своја историја, традиции и наследство, туѓ на своето, историски непостоечки, исто како и македонската нација!

Придавката „македонски“ ќе ја изгуби историската содржина, станувајќи „бугарска“ или „грчка“.

Македонскиот народ и нација ќе се сведат на унилатерална декларација, кои нема да бидат признаени, бидејќи историски не постоеле, односно се вештачки конструкт на Титова Југославија.

Ќе бидат признати само како продукт на Договорите со Бугарија и Грција, откако ќе ја прифатат националната историја од соседите како своја „вистинска“, со што ќе се гради свеста за „правилниот“ идентитет на граѓаните на „Северна Македонија“.

Со тоа ќе биде ставен крај на македонското прашање како проблем за ЕУ”, анализира професорот Панов.