„Ова е учебник којшто ќе произведе деца кои нема да можат да се снајдат ниту во просторот ниту во времето, што нема да знаат што е лево, што е десно, што е гору, што е долу, нешто што страшно ќе им се одрази во животот, за жал доколку овој учебник продолжи да се користи“ вели д-р Никола Минов во интервју за „Слободен печат“.

Според професорот од Филозофскиот факултет, ова е убедливо најлош учебникот „Историја и општество за петто одделение“ е убедливо најлош учебник.

Вели дека низ неговото повегодишно искуство низ образовниот процес и како некогашен ученик и како универзитетски професор во последните 12 години наишол на прилично квалитетни, но и просечни, па и подпросечни учебници за предметот Историја.

Министерот за образование Јетон Шаќири по бројните реакции на јавноиста и на професорската фела изјави дека доколку има 30% грешки во споменатиот учебник за V-то одделение – тој ќе биде повлечен.

Станува збор за најмалку 20.500 примероци на учебникот, зошто на македонски јазик тиражот е над 12.500 примероци, а истите грешки се повторуваат и во изданието на албански јазик, пишува„Слободен печат“