Професорот Јове Кекеновски бара власта да не помислува да ја менува одлуката на народот искажана на референдум.
Одлуката на референдум е гласот на народот, им порачува Кекеновски на Заев и на Шекеринска во изјава за Плусинфо по информациите дека е можно власта да не ги почитува одлуките донесени на консултативен референдум.
-За ЕУ и НАТО Зоран Заев и Шекериска нема што да ги консултираат граѓаните од причина што најголем дел од нив јасно се определени за евроатланска интеграција, а и сите политички партии се ЗА.
По однос на Преспанскиот договор е некоректно и неетички граѓаните сега (отпосле) да се консултираат. Членот 27 од Законот за Референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните е дециден и јасен: За претходно консултирање на граѓаните за прашања од пошироко значење за Република Македонија може да се распише референдум на државно ниво за консултирање на граѓаните.
Ова е пост фестум, а на претходно консултирање. Лицемерие е сега да ги консултирате граѓаните затоа што договорот е веќе потпишан дури и спротивно на деловничките и процедуралните одредби е ратифициран во законодавниот дом. Што сега ќе се консултира?
Цел текст на следниот линк на плусинфо.мк