Во интервју за Новатв.мк Кристина Керкез снаа на советничка на премиерот Заев, најавува дека на 24 јануари владата односно Фондот за иновации повторно ќе го разгледува проектот – стартап кој беше оспорен поради рeакциите во јавноста за непотизам и можни коруптивни активности.
Керкез која е сопруга на синот на советничката за култура на премиерот, Цветанка Ласкова, е еден од основачите на стартапот „Декодикс“ но по скандалот таа ја напуштила компанијата поради контроверзите во јавноста.
Таа се жали што ниту еден медиум не ја контактирал за проектот кој што беше нападнат од јавноста откако се откри дека таа е снаа на Ласкова.
Признава дека фирмата која добила помош од владата е формирана пред тендерот но вели дека тоа не е забрането. За неа е разбирливо што во мала држава и во корумпирано општество како македонското, јавноста бурно реагира.
За роднинските врски со советничката на премиерот вели дека тоа не било проблем затоа што Ласкова не била јавен функционер туку само советничка.
Објаснува дека „Декодикс“ е македонски стартап кој претендира да биде играч на светската сцена, а е препознаен како најуспешните стартапи кои се родиле на Балканов.
“Процесот е едноставен, нарачувате генетски тест преку платфомата на Декодикс, на домашна адреса ви пристигнува кит во кој се остава плунка, се испраќа назад до нашата лабораторија каде се прави испитувањето. Потоа резултатите се достапни на платформата каде што кориснискот може да ги преземе, а се интерпретирани на разбирлив начин за да може корисникот да ги примени советите“, објаснува Керкез.
Целото интервју на Керкез за новатв.мк на овој линк