Проектот „Македонија“ завршен, на ред Србија и Косово, вели српски експерт

Орхан Драгаш, директор на Меѓународен институт за безбедност од Белград, смета дека грчкиот проблем со името на Македонија е решен, па големите западни сили веќе се вртат кон проблемот меѓу Србија и Косово.

„Проблемот Македонија-Грција е решен. Решавањето на проблемот Србија-Косово е следното на агендата на САД и на Германија. Со големи притисоци, невидени досега. Почнуваат од овој викенд! Мислам на притисоците. А и на решението“, напиша Драгаш на „Твитер“.

Чекор во тој правец, според него, ќе биде средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи в недела во Брисел.