Медиумскиот проект 360 Степени кој е финансиран од пари на Американските даночни обврзници од програма за борба против корупција во своето најново издание го става на мака лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Водителот Васко Поппетревски, според најавата на емисијата, поставува прашања до Ахмети на кои лидерот на ДУИ реагира со вознемиреност.

На прашањето за одговорноста во Јавното обвинителство каде еден заменик државен јавен обвител е екс министер на ДУИ Ахмети се прави дека не знае за кого се работи по што нема коментар кога дознава дека се работи за екс министерот за правда и екс заменик министер во МВР на ДУИ Џелал Бајрами.

За изборот на Ислам Абази, кој на кауч се сликал со братот и шоферот на Ахмети а кој е шеф на обвинителството за организиран криминал, лидерот на ДУИ во обид да го избегне одговорот цинично вели дека сигурно тој не го гласал Абази.

Најавата на емисијата