Нови воздушни напади на Израел врз Газа. Хамас возврати со пукање во воздушните бази. Израел тврди дека разговорот за прекин на огнот нема да биде на маса сѐ додека не бидат уништени воените ресурси на Хамас.

Во израелските удари утрово загинаа најмалку шест лица во Газа.
Израелската војска соопшти дека ги проширила нападите врз воени цели на југот на палестинската територија. Меѓу убиените во Газа има и радионовинар.

Екстремистичките организации во Појасот Газа во текот на ноќта и утрово истрелаа ракетен напад кон јужен и централен Израел. Хамас тврди дека биле насочени кон израелските воздушни бази.

Војската соопшти дека нема информации дека ракетите погодиле некоја од тие бази.
https://twitter.com/IDF/status/1395069007120814080?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1395069007120814080%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F377309%2Fbrojot-na-zrtvi-od-dvete-strani-raste-a-diplomatskite-napori-ne-davaat-rezultati

ООН објави дека дури 52.000 Палестинци во Појасот Газа останале без покрив над главата од почетокот на конфликтот и дека 47.000 од нив побарале засолниште во камповите на ООН. Во своето обраќање до нацијата премиерот Нетанјаху не спомена крај на војната.

Бројот на жртви од двете страни расте, а дипломатските напори за постигнување примирје засега без резултат.