Температури околу 40 степен и денеска, како и во наредните, денови се очекуваат во земјава.
За денеска метереолозите најавуваат сончево и многу топло време со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. УВ индексот ќе изнесува 10.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец и максимална температура до 39 степен.
Највисоката дневна температура денеска ќе достигне до 43 степени во најјужните делови од земјата.
