Продолжи драмата со путерот, новинарите без никакви повреди (ВИДЕО)

Власта продолжува со медиумските активности во врска со заплената на путер со изминат рок кој стана вирална тема на социјалните мрежи откако вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски во саботата се пофали со заплената.

Денеска на специјален медиумски настан директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски ги покани новинарите во депонијата Дрисла, каде се уништуваше запленетиот небезбеден путер.

За време на настанот новинарите се соочија со временска непогода на депонијата Дрисла каде заврна град.

За среќа градот како што се гледа од видеото е со помали димензии и ниту еден новинар ниту директорот немаат никакви повреди.

Повеќе во видеото на МИА

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/787143885565442/