Суспендираниот управен судија Мустафа Шахини, поднел барање до Судскиот совет да му биде продолжен мандатот по неговото пензионирање.
Советот со 13 гласови ,,за”, едногласно одлучи дека му го продолжи мандатот на судијата за една година по неговото пензионирање заклучно со 23 август 2021 година.
Шахини е осомничен за злоупотреби со предмет за денационализација на имот на брегот на Охридското езеро во Струга, со кои државата ја оштетил за над 200 илјади евра.
Тој беше суспендиран од мај 2019 година, бидејќи обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска отвори истрага за него за злоупотреби на функцијата, а дури бараше и притвор.