Продавале бебе за 18.000 евра во Грција

Властите во Грција соопштија дека 9 лица се уапсени поради сомневање за учеството во организиран криминал со продажба на доенчиња на брачни парови без деца.

Меѓу затворените има четири жени од бугарско потекло, пренесе News.bg.

Во текот на операцијата, на 3 август, двајца прикриени агенти се претставиле како пар што сака да купи бебе.

Членовите на криминалната група се сложиле да им продадат новороденче старо само 4 дена.

Цената била 18.000 евра.

Според полициските извештаи, криминалната група работела на територијата на Грција најмалку 8 месеци.