Полицаецот Филип Филиповски кој беше прободен со нож во дискотека на 23-ти март во скопско Марино вели дека не се чувствува сигурно додека двајцата напаѓачи се на слобода.
Тој таа вечер бил нападнат од браќата Александар и Јордан Цветковски, инаку синови на екс- градоначалникот на Петровец и актуелен советник во МВР, Звонко Цветковски.
Тој со напаѓачите се познавал и претходно, а вчера ги посочил и на препознавање во полициска станица. По ова МВР подготвило кривичната пријава и Обвинителството во ист ден ја отвори истрагата и побара притвор. Но, судот им изрече мерка претпазливост.
Скопското обвинителство не се откажува и во понеделник ќе поднесе нова жалба со барање браќата Цветковски да бидат притворени.
Во нападот со нож, Филип остана без еден бубрег и слезина.
Извор: ТВ24