Проблемите на жените во Македонија (ВИДЕО)

Во јануари оваа година преку кампањата “Сега кажувам”, група македонски жени по урнекот на балканската кампања #MeToo (И јас исто така) раскажуваше за сексуалното вознемирување од сторители од позиција на моќ.

Организацијата “Политичка критика” која се занимава и со европски алтернативи по 10 месеци од кампањата #ISpeakUpNow разговара со 4 активистки: Марија Матовска, Влора Речица, Ирена Цветковиќ и Јана Коцевска.

Темата на видеото насловено како “Real Talk” е што значи да се биде жена во Македонија, кои се нивните приоритети и важноста да се организира женски фестивал во Македонија.