„Пркосниот“ директор веќе не е пријател со Заев

Поранешниот прв човек на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски,кој беше сменет поради тоа што одби да прими 30-тина рамковни во ДПИ што беше оценето како „пркос“, во разговор за „Фактор“ открива дека нема комуникација со премиерот Зоран Заев.

„Не можете да имате коумуникација или да бидете пријател со човек кој не ви излегол во пресрет кога требало, и со човек со кој во опиозиција заедно сте се залагале за едни принципи, а сега му се промениле ставовите“, нагласува поранешниот прв човек на ДПИ.

Вели дека не е активен ниту во партијата, каде претходно 11 години бил претседател на Општинската организација на СДСМ.

„Јас сум сега член во мирување“, вели на шега Пауновски, но сепак нема никаква намера да влегува во некакви фракции во партијата.

„Ако не можеш нешто да постигнеш додека додека си во власта, уште помалку тоа можеш да го сториш од позиција на ‘опозиција’“, вели Пауновски за Фактор.