ПРИЗМА пред избори за Никола Г., молчи за Вице Н и Венко Ф, коментарите катастрофални (ЛИНК)

Медиумската платформа ПРИЗМА која е дел од проектот БИРН на 40 дена пред избори промовира фото сторија и се занимава со проект стар 10 години од времето на Груевски.

Таканаречената новинарска фото сторија е објавена во јули, но вчера таа повторно се реобјавува, за голем број од граѓаните најверојатно со намера да се дефокусира јавноста од криминалот на актуелните власти.

За споредба, речиси две години во порталот Призма не се споменува ниту има анализа или истражување за братот на премиерот Вице Заев за кој излегоа документи дека бил тргнат од кривична пријава за Рекет во РЕК Битола.

Призма вчера не потсетува ниту на аферата со набавка на министерот Филипче вредна 35 милиони евра која требаше да оди преку човек со личен имеил на јаху.

Но затоа БИРН од каде тврдат дека се новинари кои ги почитуваат стандардите и во јули и деновиве објавуваат за Скопје 2014 додека за криминалот за СДСМ-ДУИ се врти како “Киша око Крагуевца”.

Ако се суди според коментарите на читателите на социјалните мрежи обидот за дефокусирањето на ПРИЗМА и БИРН не поминува.

Според импресумот на Призма таму работат сериозни и искусни новинари кои знаат дека кон нив се упатени жестоките коментари од корисници на социјалните мрежи.

Призма според уредниците и новинарите таму, е интернет страница на БИРН Македонија наменета за промоција и јакнење на истражувачкото новинарство.

На страницата стои:

Призма е место на кое се објавуваат истражувачки стории, анализи, извештаи, репортажи и интервјуа на теми од заеднички интерес за медиумите и граѓанскиот сектор, како и за пошироката јавност.

Призма е и место на кое се создаваат и одржуваат мрежи на уредници, новинари, медиуми, како и невладини организации со цел нивна потесна соработка, но и размена на информации и алатки за што појасно информирање на јавноста. Призма е медиумска платформа која ги обединува и активно ги вклучува новинарите, невладините организации и јавноста во Македонија.

Интернет-страницата постои од декември 2013 година и е иницирана во рамки на Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор дел од програмата на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија.

Содржините на Призма се во согласност со новинарскиот етички кодекс и светските новинарски стандарди, пишува на страницата.

Најчитани вести

Страотно сведоштво за фекалиите во креветите , за повиците за помош на луѓето кои умираат…..

Грозоморна исповед на преживеан кој 18 дена лежел во Ковид центар организиран од Филипче (ВИДЕО)