Приведени 4 лица по убиството на Реџепи во Мала Речица

По вчерашното убиство на Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово, во близина на седиштето на дуи во Мала Речица, приведени се четири лица за кои се верува дека учествувале во престрелката., во која потешко биле повредени и други лица меѓу кои е и братот на Реџепи, Сабри, кој  се здобил со повреда на ногата.

Наип Реџепи беше еден од кандидатите за претседател на партискиот огранок на ДУИ во Куманово. Тој е втора жртва од кумановскиот општински огранок на ДУИ, откако Џемаил Реџепи алијас Командант Шќипоња беше застрелан во неговиот автомобил.

Медиуми на албански јазик велат дека убиениот и ранетите изглегле од седиштето на ДУИ и по вербална расправија и тепачка дошло до пресметката.

Меѓутоа од Демократската унија за интеграција (ДУИ) синоќа во соопштение до медиумите ги демантираше информациите дека во седиштето во Мала Речица имало пресметка или инцидент.

„Ја демантираме секоја информција во врска со тоа дека денес во ДУИ имало пресметка или инцидент. Ние како политички субјект немаме и не може да имаме одговорност за инцидентетите кои немаат врска со ДУИ и за ДУИ“, се вели во соопштението од партијата.

Во билтенот на МВР за соноќешниот настан се вели : „На 05.04.2018 година околу 18,20 часот пријавено е пукање од огнено оружје во с.Мала Речица, тетовско. Повредени биле Н.Р. (46) од с.Белановце, општина Липково, кој во Клиничката болница Тетово им подлегнал на повредите, Ф.М. (22) од с.Черкези, кумановско, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје и С.Р.(41) од с.Белановце, општина Липково, кој бил задржан во болницата во Тетово.

Причините за престрелката во моментов се непознати, а се очекува денеска МВР да соопшти повеќе детали во врска со случајот.