Рано утринава е приведена жена од Скопје под сомнение дека овозможила малолетни девојки да стапат во сексуален однос и да бидат снимани. Случајот го расчистува обвинител, а поконкретни детали засега нема.
– На 01.12.2023 околу 06 часот во Скопје приведена е Г.Р. од Скопје поради основи на сомнение дека на територија на Скопје овозможувала на возрасни лица да имаат сексуални односи со две малолетнички од Скопје, при што истите и ги снимале. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од полицијата.
Home Македонија Приведена скопјанка која овозможила возрасни мажи да имаат сексуален однос со малолетнички