Расте револтот на граѓаните кои секој ден чекаат автобус и до еден час и постојано доцнат на работа, или во училиште, зашто Градот и натаму нема слух за приватните превозници. Тие во знак револт уште еднаш излегоа на улица за да се чуе нивниот глас. Велат дека утре ќе седнат на иста маса со градоначалничката на Скопје, и со душа чекаат позитивен епилог, зашто како велат, вака повеќе не можат да издржат.
Срамота е ова што му се случува на Скопје. Да чекаме саат време и пак да не дојде автобус е фијаско за еден главен град, регираат граѓаните кои постојано кинат живци за доцнењето на автобусите.

Со приватните превозници треба да се најде решение, но не на штета на Скопје, изјави Данела Арсовска, во престет на утешната средба.
Во овој момент Градот Скопје е фокусиран да најде квалитетно системско решение и да изготви реформа во јавниот превоз, којашто, мора да биде нешто што ќе го опфати целиот град и сите места каде што сега или ретко или пак воопшто не сообраќаат автобуси. На скопјани треба да им се понуди еден концепт со којшто трајно ќе биде решено сето она што го имале како проблем или како предизвик, вели Арсовска.
Од Влада, пак, тврдат дека и натаму поддржуваат решение на проблемот со приватните превозници во Скопје, но за жал решение нема.
Инаку, до сега Град Скопје неколку пати распиша оглас за линиите 9,11,12, 20 и 22, но до сега не се пријави ниту еден од приватните превозници. Тие пред два месеци престанаа да возат, зашто, Градот, односно ЈСП им должи над милион евра.